studenciskoblatomart20182

ЦЈЗ Охрид: Ларвицидната дезинсекција ќе се изврши кога ќе дозволат временските услови

Охрид, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите болести на територијата на општините Охрид и Дебрца, Центарот за јавно здравје од Охрид во пролетниот период предвидува ларвицидна дезинсекција на потенцијално ризични површини за развој на ларвицидна форма на комарците.

– Со оглед на големата количина вода која се` уште се наоѓа на просторите каде треба да се изврши соодветен третман на земјиштето (Студенчишко блато, Белчишко блато), до овој момент нема услови за обавување на ефикасна ларвицидна дезинсекција, информираат од Центарот за јавно здравје од Охрид, од каде додаваат дека ја следат состојбата и веднаш штом ќе дозволат временските услови ќе се пристапи кон третирање на соодветните површини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива