osnovensudohrid

Ново продолжение на главната расправа во повтореното судење за случајот Матилоски

Охрид, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во охридскиот Основен суд за денес е закажано ново продолжение на главната расправа во повторениот судски процес за убиството на младиот Димитар Матилоски.

На минатото рочиште беа преслушани уште неколку сведоци.

Бранителот на обвинетиот Бојан Угреновиќ рече дека намерата на одбраната е да ја преиспита умислата за кривичното дело за кое се товари Угреновиќ, како и правната квалификација на истото.

Немилиот настан се случи на Новогодишната ноќ 2016 година кога Бојан Угреновиќ од Краљево, Србија на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива