Pogba-mourinho

Погба си оди од Јунајтед, Мурињо го стави на трансфер-листа

Манчестер, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед ќе си замине од клубот по само две сезони откако за 110 милиони евра се врати на Олд Трафорд.

Англиските медиуми објавија дека Жозе Мурињо го ставил на трансфер-листа и дека тој може да си оди во летниот преоден рок. Такво сценарио можеше да се претпостави уште пред неколку месеци кога португалскиот стручњак отворено почна да ги критикува игрите на играчот од средниот ред.

Уште не се знае дали Погба ќе настапи во полуфиналето од ФА Купот против Тотенхем претстојната сабота, но нема да биде чудо ако остане на клупата. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива