ribarimrezi

Забрана за вршење риболов во периодот на природен мрест на рибите

Охрид, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.

Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони и е различна за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите.

zabranazaribolov

Со решението, концесионерите за организирање на рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација треба да ги извести концесионерите на својата веб страна, да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива