kniga2

Презентација на резултати од анкетното истражување на тема „Читачки навики“

Охрид, 19. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, во понеделник ќе бидат презентирани резултатите од анкетното истражување на тема „Читачки навики“, спроведено од страна на студенти од Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН во Струга, под менторство на м-р Габриела Неделкоска.

Низ нумерички приказ, но и квалитетни согледувања ќе се обидат да стекнат увид во светот на читателите колку често читаат, каква литература претпочитаат и зошто, каков е нивниот однос кон библиотеките, лектирите, кои се нивните навики и навиките на семејството, врсниците.

Група студенти на Факултетот за странски јазици под менторство на своите професори се зафатија со овој проект со намера да погледнете подлабоко во феномените на новото време и нивното влијание врз односот книга-читател.

Настанот ќе се одржи во охридската библиотека, со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива