rabotilnicazastandup

Стенд ап работилница со Никола Тодороски

Охрид, 19. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски актер и стенд ап комичар Никола Тодороски организира работилница  за создавање на стенд ап матријал.

– Работилницата ќе се реализира два дена, на 28-ми и 29-ти април и тоа по три часа, во периодот од 18:00 часот. Може да се пријават лица над 18 години, со порака на мојот фејсбук профил, вели Тодороски.

Работилницата за оние кои сакаат да ги научат тајните за подготовка на материјалите за стенд ап шоу е бесплатна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива