debrca1

ВМРО-ДПМНЕ – Дебрца со поддршка на Протестот против изградбата на депонија

Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца ги повикуваат сите членови, симпатизери како и сите жители на општина Дебрца да излезат на Протест кој го организира Здружението против изградбата на регионалната депонија во општина Дебрца.

– Сите заинтересирани да ги следат и почитуваат насоките од организациониот одбор. Воедно ги повикуваме надлежните институции, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Владата на Република Македонија да ја отфрлат идејата за изградба на оваа депонија, бидејќи Дебрца претставува најчистата општина во Државата, Дебрца е најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое е заштитено со Закон и под заштита на УНЕСКО.
 Исто така го повикуваме премиерот Зоран Заев да си достои на дадениот збор за време од локалните избори во Белчишта и си го додржи даденото ветување со што Дебрца ќе биде ослободена од оваа налудничава идеја., додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива