Ученици од ОУ „Братство и Единство“ во посета на Општина Охрид

Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Четвртоодделенците од ОУ „Братство и Единство“ денес беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги пречека градоначалникот Јован Стојаноски, кој во големата општинска сала одговарајќи на прашања од учениците ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.

Учениците беа гости во кабинетот на градоначалникот, а ги  посетија и останатите служби на општинската администрација. Посетите на ученици во општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид