Почина светскиот Superstar Dj Avicii

Мускат, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светскиот познатиот Dj Avicii беше пронајден мртов денес во Muscat, Oman.

Шведската Superstar Dj атракција, кој престана да оди на големи светски турнеи уште во 2016-та година, имаше само 28. години. Веста за неговата смрт ја потврди и Diane Baron, кој се грижеше за неговите односи со јавноста.

– Тој беше пронајден мртов во Muscat, Oman, денес, 20-ти април во попладневните часови. Семејството е скршено од болка и ги замолуваме сите да им дадат приватност во овие тешки моменти за нив, изјави Baron.
Иако живееше многу кратко, Avicii или Tim Bergling, зад себе остави забележителна кариера. Во 2011-та година беше рангиран на шестото место на Топ 100 листата, за веќе следната година да се искачи на третата позиција.

Роден е на 8-ми септември 1989 година во Стокхолм, Шведска, каде многу рано започнал да се занимава со неговата голема љубов – музиката. Првично започнал со правење на ремикси, а подоцна и создавање на сопствени песни, на возраст од само 18 години. Неговите пријатели го убедиле да ја објави музиката на интернет, што подоцна доведе до негова голема популарност. Следуваше поддршка и од светски познатиот DJ и продуцентот Tiesto, од кого доби покана да насташи во престижниот клуб „Privilege“, на Ибица. Поради неговиот огромен талент, тој беше препознаен и почитуван од многу други негови колеги. Поддршка стигна и од Pete Tong кој го издаде неговиот прв сингл „Manman“. (Крај)

извор: djmag.com фото: djmag.com