policija6

Охриѓанец настрада по пад од балкон во Скопје

Охрид/Скопје, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – 52-годишниот Ѓ.Ч. од охридското село Велгошти, вчера паднал од балкон на улицата „Методија Шаторлов Шарло“ во Скопје.

– Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива