vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со поддршка на протестот против изградба на депонија во Дебрца

Охрид, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид остро се спротивставува на намерата на Владата предводена од Зоран Заев да се гради регионална депонија во Дебрца, во селото Годивје и го повикува своето членство и симпатизери како и сите жители на Охрид масовно да се приклучат во недела на 22-и април, на протестниот собир организиран од Здружението против изградбата на регионална депонија во општина Дебрца.

– До кога мисли да молчи градоначалникот Стојаноски во врска со депонијата? Дали воопшто не му е грижа тоа што Дебрца е најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО и ќе биде колатерална штета за целиот регион? Јавно го повикуваме Стојаноски да престане да тера партиските политики и интересите на граѓаните да ги стави пред партиските интереси. Исто така, премиерот Зоран Заев да ја почитува волјата на граѓаните од референдумот кој беше 100% успешен, и по примерот на референдумите од другите општини каде се затвораат рудници, да ја отфрли оваа налудничава идеја за изградба на депонија во Дебрца и секако да си достои на ветеното во Белчишта дека „зборот е збор“. ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид потсетува уште еднаш дека е донесена погрешна одлука со изградбата на регионална депонија и ја поддржуваме целта за нејзино повлекување и заштита на природата и уникатноста на Дебрца, информираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива