codefest2018

Во полн ек Codefest Tech Festival во Охрид

Охрид, 22. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Инекс“ во Охрид, во полн ек е програмерскиот маратон Codefest на кој свите вештини полни 32 часа ги презентираат стотина студенти по информатика и млади програмери. 

Codefest Tech Festival традиционално се одржува во Охрид, во организација на Стартап Зона и веќе има изградено репутација како одличен меѓународен настан кој преку тридневна програма ја промовира македонската технолошка сцена, ги поврзува професионалците и им нуди можности за професионален развој преку работилници и обуки со реномирани експерти.

Оваа година агендата вклучува целодневна конференција на која ќе учествуваат иноватори и визионери од глобалната технолошка и стартап сцена, како и работилници кои се отворени за пошироката јавност. Традиционално се одржува и 32-часовниот Codefest Marathon, каде што различни тимови ќе развиваат своите идеи и проекти групирани во три категории: Junior, Student и Pro.

Покрај другото, ќе биде отворен и CFX-Business Expo, односно саем кој ќе се одржува преку целите три дена на кој ќе се претстават технолошки компании и стартапи од регионот, а ќе функционира и Codefest Community Corner, во кој ќе им биде овозможено на компаниите и стартапите да организираат свој настан во рамките на фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес