Избор ОБРАЗОВАНИЕ

Ученици од ОУ „Ванчо Николески“ со забележителни резултати на државни и регионални натпревари

Охрид, 23. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ викендов учествуваа на државни и регионални натпревари организирани од МОН и постигнаа забележителни резултати.

decaskopje2– На државниот натпревар по географија што се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје, ученикот од IX одделение Тони Настоски освои I место, додека ученикот Томи Николоски освои III место. На регионалниот натпревар по македонски јазик што се одржа во Охрид, ученичките Ивона Ристеска од IX одделение во Лескоец и Моника Камнароска од IX оддеделние од подрачното училиште во Куратица освоија III место, а со тоа се стекнаа со право за учество на државениот натпревар по македонски јазик, што ќе се одржи на 12-ти мај во Скопје, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука