ohrid centar

Општина Охрид со нов начин на наплата на паркинг

Охрид, 23. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид наскоро започнува проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид.

Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на SMS порака. Според проектот, централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона.

Во предлог одлуките се внесени границите на зоните за паркирање и кои улици на кој зона припаѓаат како и цената за паркирање која е определена од типот на зоната.

parkingzoniOдлука за дополнување на одлуката за цени за зонско паркирање 2018
Предлог Одлука за зонско паркирање 2018

Општина Охрид ги повикува сите охриѓани да земат учество со свои предлози и  сугестии со цел да придонесат во поуспешно реализирање на проектот кој ќе овозможи полесно сообраќајно функционирање на градот. Контакт е-маил адереса: komunalni.taksi@ohrid.gov.mk. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид