Здравје Избор Охрид

Во четврток ќе се реализира земјено запрашување против комарци

Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на охридскиот совет за за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка во четврток, 26-ти април ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека третирањето ќе биде од земја во период од 05:00 до 07:00 часот, а ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.

За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука