vmrostabskopje

ВМРО-ДПМНЕ избра 15 нови претседатели на ОК, за Охрид уште се калкулира

Скопје, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа соопштени имињата на нови 15 претседатели на Општински комитети ширум државата. Повторно изостана изборот за Охрид и до овој момент не се соопштува името на новиот претседател на локалниот Општински комитет на партијата.

На вчерашната седница на ИК се анализирала актуелната економска, политичка и општествена состојба во државата, а ИК на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет на партија 15 претседатели на Општински комитети.

За претседател на ОК Куманово е избран Бране Петрушевски, на Сопиште Јане Мицевски, Гостивар Лоран Сарашевски, Чучер Сандево Зоран Бајовски, Велес Игор Здравковски, Чаир Ѓоко Велковски, Кичево Ѓорѓија Сајкоски, Кавадарци Зоран Јованчев, Неготино Златко Пенков, Валандово Дејан Бошков, Босилово Тони Граждабнлиев, Василево Живко Атанасов, Ново Село Николче Стоилков, Гевгелија Андон Сарамандов и на Богданци Кристијан Тодоров.

Иако во охридската јавност се шпекулираше со неколку имиња за нов прв човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, сепак, до овој момент нема официјална потврда за тоа кој ќе ја води партијата на локално ниво во наредниот период на местото на сегашниот претседател Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива