sasodonev

Сашо Донев избран за нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Охрид, 3. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сашо Донев е избран за нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

По подолга неизвесност, Извршниот комитет на партијата на вчерашната седница го избра Донев да го предводи охридскиот огранок на партијата, на местото на досегашниот претседател Кирил Пецаков.

Сашо Донев беше советниок во градскиот Совет и директор на ЈП„Нискоградба“ Охрид.

На истата седница, за прв човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга е избран Мирче Аџиоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива