sdsmnovstabohrid1

СДСМ: МЈП „Проаква“ навремено ги информира граѓаните дека ќе претстои прекин во водоснабдувањето

Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најпрво, му ја честитаме функцијата и го поздравуваме новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

За нас е разбирливо после ваква промена да се покажува иницијативност и потреба за поголема медиумска присутност, меѓутоа е апсурдно воопшто да се пишува, а камо ли да се бараат одговорност и оставки за вака стандардна процедура која се врши секоја година, реагираат од ОО на СДСМ на изнесеното во последниот допис до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Само за потсетување, МЈП „Проаква“ навремено ги информира граѓаните дека ќе претстои прекин во водоснабдувањето со цел извршување на стандардната процедура за измивање на цевководот и резервоарите која се спроведува секоја година без разлика од која партија е градоначалникот. Соопштението го објавија сите локални портали, но бидејќи беше објавено пред внатрепартиските промени во ВМРО-ДПМНЕ Охрид, ќе веруваме дека оваа реакција беше само плод на некоординираност и недоразбирање, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива