putin-win

Започна свечената инаугурација на Путин, ќе положи заклетва за неговиот четврти претседателски мандат

Москва, 7. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Москва започна свечената церемонија за инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин. Својот најверојатно последен мандат Путин ќе го посвети, како што порача, на подобар живот на Русите.

Владимир Путин на светската сцена се појави од сенка, како поранешен агент на КГБ и шеф на Федералната служба за безбедност. Тогаш потполно непознат за јавноста, беше десна рака на Борис Елцин, премиер на државата, по што на 1 јануари 2000 година го зезеде тронот. Осумнаесет години подоцна тој и натаму е на врвот, четврт пат на местото шеф на државата.

Првите два мандати на Путин му беа најтешки – се бореше против терористи во Чеченија, се нижеа трагедии во училишта во Беслан, во театарот на Дубровк, војна во Грузија….Се бореше и против тајкуните кои со години ја краделе државата.

Денес Путин ветува дека мандатот ќе го посвети на подобрување на животниот стандард и економската моќ на Русија. Москва е една од најскапите светски престолнини, со елитни бизнис-центри, а воениот буџет е доволен за суперсонични авиони.

Кога пред две години стапи на власт, на Русите им рекол дека најверојатно ќе прави грешки, но вети дека со нив секогаш ќе игра искрено и со отворени карти. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива