sudar-na-vozovi-Germanija-Bavarija-2-mrtvi

Двајца загинати при судир на два воза во јужна Германија

Инглоштат, 8. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени кога два воза се судрија доцна синоќа во Германија, објави националната железничка компанија.

Несреќата во која се судрија товарен и патнички воз во јужна Германија се случила на линијата помеѓу Инглоштат и Аугзбург во Баварска.

– Некои се сериозно повредени, а други имаат полесни повреди -изјави портпаролот на Германските железници.

Не е познато е дали сигналните уреди биле правилно поставени. Можните причини за несреќата засега се непознати. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Youtube