Dezinfekcija1_640x360

Центарот за јавно здравје со поволни услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите

Охрид, 9. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакет услуги за станоиздавачите за дезинфекција на објектите.

Во рамки на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на туристичката сезона, се повикуваат сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга, со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Нивни мобилни екипи ќе бидат на распологање секој работен ден и во сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.

За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид или на телефоните 046 231 – 881 и 070 723 – 029. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива