policija6

Рано утрово се запали автобус на патот Гостивар-Кичево

Охрид, 9. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 09:20 часот, се запали автобус на магистралниот пат Гостивар-Кичево, додека се движел кон Охрид.

– Автобусот кој бил управуван од страна на 51-годишниот К.М. од Скопје се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива