cetkarusa

Четкар со концерт во Чикаго оваа сабота

Чикаго/Охрид, 10. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарист Владимир Четкар оваа сабота ќе одржи концерт во Чикаго во познатиот „Xippo Lounge“ каде ќе настапи со септет составен од врвни американски музичари.

Четкар стандардно ќе се претстави со својата авторска музика, а ќе биде придружуван од Емили Кун на труба, Кајл Мадсен на тенор саксофон, Рајан Кристијансон на тромбон, Хоакин Гарсија на клавијатури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинез на тапани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива