nikola_stand_up_640x360

Охридска премиера на новото Стенд ап шоу на Никола Тодороски

Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на репертоарот на охридскиот театар премиерно ќе биде изведено најновото Стенд ап шоу на актерот Никола Тодороски.

По премиерата во Штип, шоуто насловено „Artificial intelligence natural stupidity“ утре ќе биде изведено и пред охридската публика.

Почетокот е во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, а цената на билетот е 200 денари. Тодороски ветува час и петнаесетина минути одлична забава и смеење до солзи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива