baskerfest1-620x350_640x360

Баскерфест по 13-ти пат во Скопје

Скопје, 13. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 12-ти до 17-ти јуни, на плоштадот  „Македонија“ во Скопје ќе се одржи 13-то издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест 2018“.

Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.

Меѓу учесниците ќе бидат Диого Алварес од Бразил, Максимо Оптимо од Шпанија, ДИФ браќа од Индија, Еспума Брума од Агрентина и други.

Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери, како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива