Одбележан патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“

Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски синоќа присуствуваше на свечената приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“,  што по повод патрониот празник ја одржаа учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од селото Лескоец.

Традиционално  на свеченоста претходеа еднонеделни активности кои се дел од одбележувањето на патрониот празник.

ОУ „Ванчо Николески“ во својот состав ги опфаќа училиштето во Лескоец и подрачните училишта во село Косел, село Куратица, како и подрачната паралелка во село Ливоишта. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид