kudoteks35

Со голем концерт КУД „Отекс“ прослави 35 години постоење

Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со голем концерт Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид вечерва го одбележа јубилејот 35 години од постоењето.

Концертот се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а пред бројната публика настапија состави од сите генерации од 35 години долгата традиција на негување на македонскиот фолклор на КУД „Отекс“. Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи надвор од земјата, каде има освоено вредни награди и признанија.

КУД „Отекс“ веќе три и пол децении успешно опстојува на сцената и е вистински амбасадор на традиционалниот македонски фолклор во земјата и надвор од неа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива