SVR_Ohrid

СВР Охрид: Давеникот е лице на околу 60-годишна возраст

Охрид, 13. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес, околу 09:55 часот е пронајдено беживотно тело на машко лице на возраст од околу 60-години, ја потврдија веста за Супер радио од СВР Охрид.

davenikpomolje

Телото на лицето беше извадено од водите на Охридското Езеро, во близина на селото Подмолје.

Увид на местото изврши екипа на крим-техника при СВР Охрид, во присуство на јавен обвинител.
Од СВР Охрид додаваат дека истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан. (Крај)

извор: ОхридПрес/МИА фото/видео: Тв21