policija5

Се запали возило во подрум во струшко Октиси

Струга, 13. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – 55-годишно лице од струшкото село Октиси пријавило дека, околу 01:00 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „Форд Фокус“, паркирано во подрумот на семејната куќа.

Екипа на Противпожарна единица од Струга го изгаснала пожарот, по што бил извршен увид на местото на настанот.

– Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива