metropolsanacijaplaza1

Во пресрет на сезоната се уредува плажата пред хотелот „Метропол“

Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на новата туристичка сезона, деновиве започнува уредувањето на плажата пред хотелот „Метропол“.

Супер радио и OhridPress дознаваат дека ќе се работи на санација на плажата и пристаништето, односно сите делови кои претрпеа поголеми оштетувања од двете поголеми невремиња кои го зафатија регионот на Охрид неодамна.

metropolsanacijaplaza2Плажата пред хотелите „Метропол“ и „Белви“ се едни од најпопуларните места за охриѓани за време на летната сезона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес