pres mpc

До крајот на годинава ќе се одбележува милениумскиот јубилеј „1000 години од формирање на Охридската архиепископија“

Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена академија, литургиско чествување, но и научни и академски собири ќе биде одбележан значајниот јубилеј, еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија.

Централната свеченост ќе се одржува на 27-ми и 28-ми мај токму тука во Охрид и ние како општина сме горди што централните свечености ќе се одржат токму кај нас. Посакувам ова милениумско чествување да помине достоинствено и во духот на универзалните хуманистички дејности, рече градоначалникот Јован Стојаноски.

– На овие простори според научните сознанија имало континуиран живот 7.000 години, а траги на нашиот град оставиле многу цивилизации, кои се видливи и сега и се сведоци за богатата историја на Охрид. Посебно место во нашата богата духовна историја има Охридската архиепископија која освен на македонско тло имала своја јуриздикција и на српска, бугарска и албанска територија, а во тоа време Охрид се развил во центар на православието и на културата. На тој цврст темел е изградена и нашата Македонска Православна црква, потенцира Стојаноски.
Активностите во рамки на програмата за одбележување на еден милениум од постоењето на една важна црковна и духовна организација која го обединувала нашиот народ, се распоредени во периодот од мај до декември, Имаме настани од различен карактер, научни и академски собири, издавање на значајни публикации, спортски културни, образовни и уметнички активности, потенцира претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотироски.

Darijan Sotiroski–  Охридската архиепископија е олицетворена во МПЦ и таа постои во континуитет, на ова ниво на црковно устројство цели 1000 години. Централната свеченост ќе се одржи на 27-ми и 28-ми мај во Охрид. На 27-ми мај во катедралната црква Св. Софија ќе има свечена академија по повод јубилејот, под покровителство на претседателот на државата. Понатаму следниот ден ќе има литургиско чествување, кое ќе биде соборно и со кое ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА, во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод. Ова чествување ќе го збогати присуството на верниот народ на Охрид и цела Македонија, а се надеваме дека и сите наши братски балкански народи ќе бидат овие денови во Охрид, рече Сотироски.

Покани за присуство биле испратени до патријархот на Бугарската православна црква и претседателот на Бугарија, но потврда за присуство сеуште нема.

Во однос на тоа дека и Српската православна црква ќе го одбележи овој јубилеј, Сотироски со став.

– Ме радува што секоја една помесна црква го одбележува јубилејот којшто значи духовно чествување. Позитивно е што и Српската православна црква го одбележува јубилејот, рече тој.

pres mpc 2На централната свеченост со пригоден концерт ќе се приклучи и Македонската филхармонија. Ќе настапи камерниот оркестар во придружба на хоровите од братството на манастирот Рајчица и Св. Јован Бигорски. Диригент ќе биде Борјан Цанев, а ќе се изведат композиции со тематика од македонските тропари.

Ова ќе биде првиот голем јубилеј, кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија го слави како поврзување на нејзиниот континуитет со Охридската архиепископија. Според архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, ова е редок јубилеј што треба да го обележат сите православни народи на овие простори до каде што Охридската архиепископија се простирала во свое време.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес