Donaruma

Донарума се двоуми каде да ја продолжи кариерата

Милано, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума повторно е во центарот на вниманието бидејки се повеќе и повеќе се зборува за неговото заминување од Милан.

Донарума во финишот на сезоната е во очајна форма, а со своите грешки по кој знае кој пат го предизвика гневот кај навивачите на Милан. Минатото лето, овој млад голман беше исвиркан од навивачите на Милан бидејки не сакаше да потпише нов договор, а се се смири кога одлучи да остане на Сан Сиро.

Како што пишува Фудбал Италија, овој голман има неколку интересни понуди, а наводно, се двоуми помеѓу ПСЖ и Ливерпул. Во Милан овој пат изгледа се спремни за продажба на Донарума, но клубот кој ќе сака да го купи младиот голман ќе мора да плати 65 милиони евра. (Крај)

извор: СпортМ фото: архива