janefigo

Малиот Јане гостин на финалето на Лига Европа, ќе го запознае и големиот Фиго

Лион, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Малиот македонски херој Јане Велковски и неговото семејство веќе пристигнаа во Лион, каде на покана на УЕФА ќе бидат гости на утрешното финале на Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид.

Како дел од иницијативата „Equal game“, попладнево Јане ќе се запознае со амбасадорот на финалето, француската легенда Ерик Абидал, и со Луис Фиго, кој уште од минатата година му се одушевува.

Денес од 17.00 часот Јане ќе биде дел од манифестацијата на УЕФА на еден од плоштадите во Лион, а заедно со целото свое семејство утре ќе го гледа финалето во живо од новиот стадион во Лион.

Во март годинава Јане и семејството беа гости на големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во Манчестер, и го следеа натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу „црвените ѓаволи“ и Севиља. (Крај)

извор: Гол.мк фото: Гол.мк