ok vmro dpmne

Избран новиот состав на охридското ВМРО – ДПМНЕ

Охрид, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница го избра новиот состав на општинскиот комитет во Охрид.

– Овој тим во идниот период ќе биде меѓу народот, ќе разговара и ќе ги слушне мислењата, потребите и проблемите на граѓаните на општина Охрид. Се разбира добредојдени ќе бидат и критиките за евентуални пропусти од минатото и ќе се извлече поука истите во идните да не се повторуваат, се вели во дописот од ОК ВМРО – ДПМНЕ од Охрид.

Новиот тим го сочинуваат:
• Сашо Донев – Претседател, Дипломиран Политиколог;
• Лидија Тилева – Потпретседател, Доктор-Стоматолог Специјалист Ортодонт;
• Јордан Пуроски – Потпретседател, Професор по информатички технологии;
• Александар Китески – Секретар, Дипломиран правник;
• Коста Трифуноски – Технички секретар, Дипломиран филолог;
• Сашо Василески – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Интернист;
• Љубен Арнаудов – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Гинеколог;
• Љубинка Корабоска – Член, Дипломиран менаџер – Магистер по туризам;
• Цветко Андреески – Член, Универзитетски професор;
• Хари Шокароски – Член, Доктор Специјалист Анестезиолог-реаниматор;
• Томислав Петровски – Член, Доктор Специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија;
• Славица Ќосеска – Член, Болничар;
• Колчо Грозданов – Член, Доктор Специјалист Уролог;
• Ангел Јанев – Член, Магистер за компјутерски науки и информатика;
• Мишел Наумоски – Член, Адвокат;
• Лидија Петкоска – Член, Дипломиран менаџер по туризам и угостителство;
• Илија Арнаудоски – Член, Дипломиран по безбедност и финансиска контрола;
• Ана Крстеска – Член, Магистер по дефектолошки науки;
• Ѓоко Трпоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
• Енес Рифат – Член, Електротехничар;
• Маја Гугоска – Член, Дипломиран Професор по македонски јазик и литература;
• Љубен Маркоски – Член, Машински техничар;
• Александра Настоска-Николоска – Член, Дипломиран универзитетски инжинер по информатички науки и технологии;
• Ристе Мишев – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
• Билјана Толевска-Стевоска – Член, Дипломиран инжинер по хемија;
• Марија Јоноска – Член, Економски техничар;
• Гоце Буџакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
• Билјана Коталески – Член, Дипломиран менаџер по осигурување;
• Миле Шибакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;

Исто така дел од новиот општински комитет ќе бидат и претставници на месните комитети и тоа:
• Зоран Пазаркоски – МК Рача – Член, Дипломиран Правник;
• Саше Здравески – МК Стар Град – Член; Дипломиран градежен инжинер;
• Ѓорѓи Бошалески – МК Горна Влашка Мала – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
• Роберт Билбилоски – МК Велгошти – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
• Борче Петкоски – МК Куратица – Член, Машински инжинер;
• Игор Јовески – МК Железничка – Член, Дипломиран менаџер по туризам. (Крај)

извор: ОК ВМРО – ДПМНЕ фото: архива