hor bratstvo smotri

Охридските училишни хорови и оркестри најуспешни на Државните смотри

Охрид, 15. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – По успешното претставување на Регионалните хорски и оркестарски смотри, хоровите и оркестрите од охридските основни и средни училишта се покажаа во најдобро светло и на Државните смотри.

Натпреварот се одржа минатиот викенд во Валандово.

Хорот при ОУ „Братство Единство“ под водство на професорот Бурим Хидри ја освои првота награда, со 97 освоени поени.

Во конкуренција на средните училишта, гимназискиот хор беше прогласен за најдобар со освоени 99 поени.

gimnazija hor

Оркестарот пак, при ОУ „Св. Климент Охридски“ под водство на Виолета Ангелеска ја освои втората награда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива