Павел Спростран од Охридската гимназија освои трето место на државниот натпревар по англиски јазик
Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Павел Спростран, под менторство на професор Сузана Ристеска го освои третото место на државниот натпревар по англиски јазик кој минатиот викенд се одржа во Скопје.
Во саботата, на 12-ти мај, во УАКС – University American College во Скопје се одржа државниот натпревар по англиски јазик. Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во конкуренција на 18 средни училишта повторно постигна одлични резултати, а ученикот Павел Спростран под менторство на професор Сузана Ристеска го освои третото место, информираат од Охридската гимназија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |