ramazanskipost

За верниците од муслиманска вероисповед започнува светиот месец Рамазан

Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – За припадниците од муслиманска вероисповед започнува светиот месец Рамазан – месец на интензивни молитви и пост од изгрејсонце до зајдисонце.

Месецот на Рамазан за муслиманските верници е можност да се одразат и да се оценат работите кои се важни во животот, верата, семејството, пријателите и општеството, а потсетува на вредностите на мирот, љубовта, правдата, жртвувањето, солидарноста и добротворните цели.

Рамазан е деветти месец од лунарниот календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.

Од Исламската верска заедница во Македонија на верниците им посакуваат лесен пост и прифатливи молитви. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива