airbusa320neo

Светската трговска организација потврид дека „Airbus“ добивал субвенции од ЕУ

Женева, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светската трговска организација (СТО) донесе одлука со која потврдува дека Европската унија незаконски го субвенционирала конзорциумот „Airbus“. За оваа цел ЕУ платила милијарди долари.

Одлуката доаѓа по жалбата на Вашингтон дека европските земји и обезбедиле на компанијата државна помош во износ од 22 милијарди долари, за да биде потпомогнато пуштањето во производство на моделите „A380“ и „A350“.

Од канцеларијата на американскиот трговски претставник соопштија дека одлуката на организацијата отвора патот кон наметнување на царина за европски стоки.

Претходно СТО ја отфрли жалбата на „Airbus“, бидејќи според организацијата компанијата не можела да ја надомести штетата нанесена на нејзиниот американски конкурент „Boeing“. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива