koncesionerinaplazi

Утре нова средба со концесионерите на плажите

Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – За утре во големата сала на општина Охрид е закажана нова средба со концесионерите на охридските плажи.

На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.
Ваква средба се одржа и пред два месеци. Тогаш концесионерите побараа концесиите за плажите да се издаваат за период подолг од пет години, старите концесионери да имаат предност при конкурирање за истите или пак плажите да се издаваат со непосредна спогодба.

Почетокот на средбата е во 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес