ohrid1103183

Метео: Сончево со мала облачност и температура до 21. степен

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од западен правец. Индексот на УВ зрачење има вредност 7.

Максималната температура во Охрид до 21. степен.

– Утре во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне можна е појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. В сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во наредните денови, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес