ohrid0310171

Во Охрид се одржува обука за одржлив туризам

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Експерти од Глобалниот совет за одржлив туризам денеска и утре во Охрид ќе одржуваат обука за претставниците на туристичкиот сектор.

Ќе бидат презентирани стандардите на одржливиот туризам и можностите за спроведување и подобрување на овие практики во Македонија.

Обуката следи по спроведената анализа на постојните практики за одржлив туризам во Македонија со посебен фокус на Охрид како туристичка дестинација.

Глобалниот совет за одржлив туризам како тело спонзорирано од Светската туристичка организација на Обединетите нации, претставува врвен авторитет во светот за воспоставување на стандардите за одржлив туризам кои се однесуваат на одржливост на дестинациите и одржливоста на туристичките бизниси.

Дводневната обука во Охрид е дел од активностите на швајцарските програми за Зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и за Промоција на извозот SIPPO во соработка со Министерството за економија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива