16_05_2018_KRESIDA_2

Охрид дел од меѓународна работилница за чиста животна средина

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид дел од меѓународна работилница за чиста животна средина.

Претставници од Секторот за туризам и локален екеономски развој учествуваа на работилница во Пеќ, Косово во рамките на проектот CRESSIDA, заедно со претставниците од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Општина Охрид е учесник во овој проект уште од април 2014 година и доби грант- пилот проект „АКТ“ Активирање на граѓаните за грижа кон животната средина, кој беше имплементиран во втората половина од минатата и почеток на оваа година.

Проектот содржеше активности за подигнување на јавната свест кај граѓанните за подобрување на управувањето со отпад и последици од неправилен третман на води и користење на пестициди во сливно подрачје на Охридското езеро.

извор: ОхридПрес фото: архива