Klaudio Ranieri

Клаудио Раниери го напушта Нант

Нант, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако неговиот договор имаше важност до 2019 година, Клаудио Раниери и дефинитивно го напушта Нант, после само една сезона помината во францускиот клуб.

– Немаме што да криеме. На состанокот,Раниери ни се заблагодари на сите“, откри претседателот Валдемар Кит.

Раниери оваа сезона со Нант имаше сосема добар учинок во првиот дел од сезоната кога беше во горниот дел на табелата, се бореше за место во европските купови, но потоа следуваше пад во формата, по што сезоната во Лига 1 ќе ја завршат на средина од табелата.

Останува само уште во сабота да го одработи последниот натпревар против Стразбур.

Во претходните недели Раниери важеше за кандидат за селекторското место на Италија, меѓутоа таа можност отпадна бидејќи Роберто Манчини веќе е промовиран за нов селектор.

Од Островот пристигнуваат информации дека би можел во Тотенхем, секако под услов Покетино кој се поврзува со Челзи да го напушти Тотенхем. (Крај)

извор: спортски.мк фото: архива