mike-budenholzer-770x450

Баденхолзер на чело на Милвоки

Милвоки, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Мајк Баденхолзер ќе биде новиот тренер на НБА франшизата Милвоки Бакс, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Поранешниот тренер на Атланта Хокс, со Милвоки ќе потпише четиригодишен договор.

Баденхолзер е еден од најценетите тренер во НБА лигата. Тој 17 години бил асистент во Сан Антонио Спарс. Со Спарси има освоено четири шампионски титули, а од 2013 година ја предводеше Атланта и успеа со овој тим да игра во финалето на Истокот во сезоната 2014/2015.

Баденхолзер треба да ја унапреди играта на Милвоки и да му помогне на тимот да стане еден од најдобрите во Источната конференција. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива