maturantiemuc6

Започнуваат матурските прослави

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва започнуваат матурските прослави на средношколците од охридските училишта.

Матурантите се веќе подготвени, свечените фустани, одела се обезбедени и возбудата се повеќе расте.

Вечерва заокружувањето на средното образование ќе го прослават учениците од средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“. Утревечер пак ќе слават матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. 50-на матуранти од угостителското училиште ќе прославуваат во хотелот „Силекс“, додека средношколците од Електро машинскиот училишен центар во хотелот „Белведере“.

Матурантите од охридската гимназија и оваа година ја заобиколија класичната матурска прослава, па беа на екскурзија во Италија.

Утре точно напладне на градскиот плоштад ќе се одржи матурската парада. Матурантите од сите средношколски центри ќе танцуваат „квадрил“ на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива