crvenkrstopsta

Донација од Националниот Здравствен Сервис на Холандија за охридскиот Црвен крст

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како резултат на долгогодишната и континуирана соработка на охридскиот Црвен крст со Националниот Здравствен Сервис на Холандија (NHS) во делот на првата помош, во тек е реализација на уште една донација наменета за тимовите на парамедици и на тимовите на спасители од Службата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

– Донацијата се состои од два LIFE PACK монитори на кои можат да се следат виталните животни функции во човечкото тело и во случај на потреба да се интервенира со вграден дефибрилатор. На денешното предавање на донацијата од страна на претставник на NHS од Холандија Rob Sudmeijer, кој воедно е и инструктор за прва помош на Црвен крст Зеволде, Холандија, кое се реализира во просториите на Црвен крст Охрид присуствуваа и претставници на Средното економско училиште „Кирил и Методиј“ од Охрид и ученици од медицинските паралелки кои ќе можат да ги видат овие медицински апарати, а во иднина и да ги користат истите за обавување на потребите од наставата. Посетата на претставникот на NHS од Холандија беше искористено за подготовка на програма за нова обука за парамедици за потребите на Црвен крст Охрид, која според европските стандарди и под водство на инструктори од NHS од Холандија би се реализирала во месец септември 2018 година, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива