sasodenesoski

Порталот Мактел го обвини сопственикот на ОхридСкај дека ги „рента“ своите ќерки!

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Порталот Мактел, ноќеска, половина час по полноќ, објави фотографии од ќерките на сопственикот на порталот ОхридСкај, Сашо Денесовски, како и текст во кој се посочува дека таткото „ги рентал“ сопствените ќерки во охридските хотели.

Нешто подоцна, порталот со црна лента ги покри очите на двете девојки, а Денесовски во текстот не е спомнат по име. Со првичната објава, порталот сепак го обелодени идентитетот на девојките, од што лесно може да се заклучи кој е нивниот татко.

Во допис до медиумите, до Здружението на новинарите на Македонија и до Советот на етита во медиумите на Македонија, Денесовски сведочи дека во раните утрински часови на 17.05.2018 година, сопственикот на Мактел, Саше Иваноски, во два телефонски повици кон него, упатил закани дека доколку не му даде 5.000 евра, ќе објавел стории за него. Денесовски вели дека добил и СМС порака испратена од телефонот на Иваноски, во која навел: „ШОКАНТНО Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.

Откако не успеала изнудата, на Мактел осамнала шокантната лажна вест. Денесовски во 2 часот по полноќ настанот го пријавил во полиција и тврди дека Ивановски извршил стек од Кривични дела по член 258 став 1,2,3,4 Кривично дело изнуда, како и Кривично дело Уцена по член 259 став 1, а во врска со став 2 од КЗ на Република Македонија. Во полиција Денесовски доставил докази, телефонски повици и СМС пораки, како и печатени материјали од објавата на Иваноски, на порталот Мактел, а од стана на Криминалистичката полиција е извршено обезбедување на докази – фотографирани се дојдовните повици и на СМС пораката.

– Колку и да сака да изврши изнуди и рекетирање или на друг начин да прикаже нетрпеливост спрема друг, недозволиво е тоа некој да го стори на начин што ќе се фати за најболното нешто за секој човек, детето и притоа да користи медиум за оцрнување на деца кои со ништо, ама баш со ништо немаат никаква вина, ниту некогаш се огрешиле спрема Законот, вели Денесовски и додава дека неговите деца веќе 13 години живеат во Скопје и се истакнати во своето образование.

Денесовски за случајот ги запознал и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев. Тој очекува новинарите и сопствениците на медиумите јавно да го кренат својот глас против ваквите, како што вели, „монструми во македонскиот медиумски простор“, а од МВР и од Јавното обвинителство бара и очекува веднаш да преземат соодветни мерки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива