Годивје и Дебрца го одбележаа празникот Спасовден

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Жителите од повеќе села од општина Дебрца, се собраа денеска, кај месноста Црквишта во селото Годивје, да го прослават православниот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден.

Овој пат одбележувањето на празникот, еден од десетте посветени на Господ Исус Христос, мина посвечено и помасовно, затоа што, истовремено, имаше уште едно обележје, односно беше искористен за потсетување на спасението од намерите за изградба на регионална депонија, во ова питоресткно село под врвовите на историски познатата Славеј планина.

Image may contain: 5 people, people sitting, table, outdoor and food

Image may contain: house, sky, tree and outdoor

Со народот беше и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива