ohrid0101175

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 21. степени

Охрид, 18. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има зголемување на облачноста. Кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и ретка појава на грмежи. В недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, информриаат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес