bregnamladostalogo

Бројни активности на Акцијашите од клубот „Брег на младоста“

Охрид, 18. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат бројните активности на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.

– Членовите со својот ентузијазам, енергија и младост активно ќе се вклучат во сите активности кои се предвидени за официјален старт на туристичката сезона во Охрид („Охрид ТрчаТ“, „Мој Охрид, Чист Охрид“, „Бела ноќ“…), а кои се предвидени во периодот од 1-ви до 9-ти јуни 2018 година. Потоа, на 15-ти и 17-ти јуни, делегација на „Брег на младоста“ ќе присуствува на одбележувањето на 75 години од Битката на Сутјеска и 30 години од учеството на Младинската бригада од Охрид на таа акција. Летните ангажмани ќе ги заокружиме со учеството на одбележувањето на 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, од 22-ри до 29-ти јули, каде 300 млади од поранешна Југославија, од кои 50 од Охрид ќе учествуваат во санација на кризните подрачја, но и дружење, солидарност, како и бројни спортски и културни манифестации, информираат од клубот.

Додаваат дека денес во Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид, членовите на клубот ќе ги започнат подготовките за овие манифестации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес